Алекс Липаи ја прекинува боксерската кариера за да не ослепи

Aleks Lipai

Поранешниот кандидат за светските титули во тешка категорија, Алекс Липаи – Лавовско срце (Австралија) објави дека ја прекинува со боксот.

Колоритниот Австралиец се боксираше со Владимир Кличко во 2014-та, но беше нокаутиран. Тој направи сензација со победата над Денис Бојцов, која, всушност, му го обезбеди дуелот со Украинецот.

По средбата со Кличко Липаи имаше операција на очите. Сепак, се врати, но загуби од Мануел Чар, по што повторно побара помош од докторот.

„Завршив, рече боксерот, специјалистите ми рекоа дека можам да го загубам видот, ако продолжам да се борам. Треба да се направи она што е важно за моето семејство. Сакам да видам како моите деца играат фудбал и како моите ќерки одат на матурска вечер“.

Липаи во професионалци дебитираше во 2004 година. Тој забележа 30 победи, 7 порази и 3 нберешени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО