Алекс Красјук: Усик не е со скршена вилица! Ќе има реванш со Фјури

Алекс Красјук, менаџерот на Александар Усик, потврди дека неговиот клиент нема скршена вилица.

Минатиот викенд Усик успеа да го победи Тајсон Фјури со одлука во Ријад, Саудиска Арабија. Така ги собра сите појаси и стана неприкосновен шампион во категоријата. Усик е првиот во над 20 години што ги собра сите појаси. „Ромскиот крал“ одби да го прифати поразот и рече дека победил, а Усик има скршена вилица.

Ова го принуди Красјук да му одговори на Британецот. Алекс изјави дека Усик имал мала повреда за која ќе треба една недела да се опорави.

„Александар нема скршена вилица. Лекарот му рекол на Усик да не оди на прес-конференција по бобрата поради сомнителна повреда, но инсистирал да оди во болница по пресот. Тоа е само мала повреда, еднонеделно закрепнување. Си остануваме на зборот, не се работи за документација. Ако се ракуваме и ветиме нешто, не гледам причина зошто нема да се одржи реваншот“, рече Красјук.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО