Aлдо и Мек Грегор се зачукаа со главите на прес-конференција! (ВИДЕО)

josealdomcgregorsudarglavama

УФЦ ја одржа „Go Big“ прес-конференцијата во Лас Вегас, при што најавија големи настани за есен и зима. 

Во ова е вклучен и големиот УФЦ 194 предводен од Хозе Алдо и Конор Мек Грегор. На претставувањето беа и дел од борците за претстојните настани, но набрзо се премина во Мек Грегор шоу.

Откако го повика шампионот во лесна категорија Рафаел дош Анхош и неговиот следен противник Доналд Кероне отиде на соочување со Алдо, кое заврши со судир на главите (удар) и интервенција на обезбедувањето.

Бразилецот по соочувањето рече дека мора да оди, по што Мек Грегор полуде.

„Што требаше да направам? Повторно бега. Не знам дали ќе се врати. Единственото што знам е дека ќе се појавам тука на 12 декември, како и секогаш што се појавувам. Луѓето секогаш велат дека многу зборувам, но погодете што: Јас имам покритие за своите зборови“.

Хозе Алдо мораше порано да ја напушти прес-конференција, бидејќи бил кум на свадба.

https://youtu.be/QqoGF2yztGU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON