Пеливаните на турнири во Студеничани и Бугарија

Pelivani za studenicani

Пеливанска федерација на Македонија инфрмира дека утре ќе се одржи Меѓународен пеливанско (традиционално борење) во Општина Студеничани  кај Скопје со мотото „Традицијата продолжува“.

Пехливанското борење годинава имаше успеси и на домашен и на меѓународен план, велат од Федерацијата и истакнуваат дека во Македонија организирале турнири, на кои  што се прикажани атрактивни и интресни борби.

Pelivani za sudenicani 2

Репрезентација на Македонија настапила на повеќе турнири во Грција ,Турција,Бугарија ,Косово ,Албанија и др.

„Покажавме дека сме сила во пеливанско борење на Балканот“, вели Хамди Бакија, генерален секретар на Федерацијата за пеливанско борење (ФПБМ).

Утре се очекува да има голем број на симпатизерите на овој традиционален пеливански спорт.

Пристигнати се првите тројца пеливани од Турција, кои  се добро познати во пеливанството: Бељир Окумус ,Метин Килиц. Индат Месут. Се очекуваат учесници и од  Бугарија, Косово и  Албанија.

Pelinasko borenje za stidenicani

– Исто така утре во Бугарија има Балкански пеливански  турнир на кој ќе патуваат четворица  наши спортисти. Турнирот ќе се одржи во Шумин, оддалечен неколку километри од градот Варна. Македонија ќе ја претставуваат: Рамазан Бакија  над 95 кг во баш – прва категорија, Орхан Имери во категорија до 90 кг –втора категорија и Самир Ибраими до 85 кг во трета категорија. Жалиме што нема да учествува познатиот и најатрактивниот борач и пеливан, Дејан Митров, кој ќе настапи на Светското првенсво во САД. Ова ќе биде мал хендикеп за нашите симпатизери на пеливанството, бидејќи ќе отсуствуваат тројца добро познати пеливани. Сепак, како Федерација зацртаната  програма треба да ја реализираме и да земаме учество на овој значаен турнир што ќе се одржи во Бугарија . Очекувам добри рзултати на овој турнир“, истакнува Бакија.

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО