Адријан Аземи: По златниот медал на „Емил Жечев“ ја напаѓам на шампионската титула на ЕП за јуниори

Беше тешко да се бориш на турнир на кој имаше боксери од САД, Русија, Украина, Буграија и други земји, посебно што во првото коло за противник имав домашен боксер, вели освојувачот на златниот медал на Меѓународниот турнир „Емил Жечев“ во Ботевград – Бугарија, репрезентативецот Адријан Аземи.

„Верував во она што го работевме со тренерите Насер Харуни и Блерим Саити и затоа ми беше полесно и со посилните противници“, истакнува Аземи.

Тој укажува дека најтешка му била борбата во полуфиналето со првиот казахтсанки боксер кој бил многу цврст и силен боксер, но со вербата во себе успеал да го победи.

За пофалбите што ги доби од ЕУБЦ како боксер број 1 од Македонија, сензација, прв боксер кој победил Казахстанец и друго вели:

„Со мојата голема работа успеав да победам и против вакви силни противници, иако бев подготвен за победи, но не и дека ќе го освојам првото место. Со вакво темпо на работа верувам дека на Европското првенство за јунирои во Романија во мај ќе станам европски шампион“.

Тренерот Насер Харуни ја истакнува големата конкуренција и потенцира дека неговиот боксер успеал да се издигне над себе и да ги победи противниците.

„Немаше страв, без разлика од каде доаѓаа противниците. Влегуваше со респект кон противниците, но без да се плаши и тоа беше клучот на успехот“, рече Харуни.

За настапот на ЕП во Романија Харуни е убеден во успехот на Аземи.

„Сега сум многу пооптимист гледјаќи ги другите противници. Верувам дека може да стане европски шампион“.

https://www.facebook.com/klubiboksit.shkupi.79/videos/446881205853023/

Да потсетиме дека македонскиот кадетски репрезентативец и во финалето го совлада Казахстанецот Роман Дијари со судиска одлука, со што ја оствари втората победа против боксер од оваа земја. Во полуфиналето го победи Меирам Болашак од Казахстан, а тоа беше првата победа на македонски боксер против Казахстанец. Судиите борбата ја бодуваа: 29-28, 30-26, 30-26, 30-26 и 29-28. Во првата борба го победи домашниот боксер Мартин Бебов со перкин.

Аземи беше прогласен за најголемата сезнација на силниот Меѓународен боксерски турнир „Емил Жечев“ во категоријата над 80 килограми со освојувањето на златниот медал.

На овој ЛИНК погледнете ја борбата на Аземи.

https://www.facebook.com/petre.curlinovski/videos/2113738935359815/

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО