Адонис Стивенсон: Подготвен сум да се борам со Џо Смит во Њујорк

adonis-stivenson-se-raduva

Актуелниот носител на појасот на ВБЦ во тешка категорија, Адонис Стивенсон, нема ништо против тоа да се бори против Американецот Џо Смит.

Во 2016 година Смит забележа победа уште во првата рунда над Андреј Фонфара, а во декември жртва на 27-годишниот Американец беше ветеранот во полутешка категорија Бернард Хопкинс, кој по удар на Смит излета надвор од рингот.

„Ако Смит сака да се бориме, јас сум подготвен. Тој е добар боксер. Добро се справи со Хопкинс. Но откако ќе го победам, не сакам да слушам дека бил бокс вреќа и лесен противник. Обично ова се случува со сите мои противници. Не сакам повторно да ги слушнам истите глупости. Тој го победи Хопкинс и немам никакви проблеми да се борам со него во Њујорк. Тој ми се допаѓа како боксер и ќе му ја оддадам потребната почит“, изјави Адонис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО