Адонис Стивенсон ја одбрани светската титула

adonis sstivenson ja odbrani titulata

Канаѓанецот Адонис Стивенсoн ја одбрани титулата светски шампион во полуте[ка категорија на Светскиот боксерски совет (WBC), победувајќи go Американецот Томи Карпенси со технички нокаут во 3-тaтa рунда. Адонис Стивенсон (37), кој е наречен „Супермен“, има 27 победи на професионалниот ринг, од кои 22 пред последниот удар на гонгот и 1 пораз.

Стивенсон, кој по потекло е од Хаити, по шести пат ја одбрани светската титула, кога ја освои со победа против Американецот Чад Даусон во јуни 2013 година. Американецот Томи Карпенси (29), кој е поранешен старател во психијатриска клиника, го претрпе петиот пораз во професионалниот ринг, а има 25 победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО