Адесања заработи 1.400.000 долари со победата над Витакер

Израел Адесања ќе инкасира најмалку 1 милион и 400 илјади долари од победата во реваншот против Роберт Витакер за титулата во средна категорија на УФЦ.

Неговиот противник ќе се задоволи со 800.000 долари.

Потсетуваме, африканскиот борец и Австралијанецот со новозеландски корени имаа оспорена битка во пет рунди. Тие се соочија на главниот настан на УФЦ 271 кој се одржа во полната сала на Тојота центарот во Хјустон, Тексас.

Витакер се обиде да си го врати појасот што Адесања му го одзеде пред две години, но не успеа.

Дерек Луис се додава во првите тројца по приходи по УФЦ 271. Црниот ѕвер беше нокаутиран од Тај Туиваса во втората рунда, но сепак стана побогат за 370.000 долари. Интересно, Австралиецот заминува со „само“ 95.000 долари.

Ова се исплатите по УФЦ 271:
Израел Адесања – 1.400.000 долари
Роберт Витакер – 800.000 долари
Дерек Луис – 370.000 долари
Андреј Арловски – 225.000 долари
Роксана Модафери – 210.000 долари
Кајлер Филипс – 180.000 долари
Дерек Брансон – 140.000 долари
Џаред Канониер – 100.000 долари
Таи Туиваса – 95.000 долари
Александар Хернандез – 75.000 долари
Кејси О’Нил – 65.000 долари
Боби Грин – 65.000 долари
Еј Џеј Добсон – 55.000 долари
Ренато Моикано – 50.000 долари
Насрат Хакпараст – 50.000 долари
Џаред Вандера – 50.000 долари
Марсело Рохо – 45.000 долари
Џејкоб Малкун – 40.000 долари
Мана Мартинез – 35.000 долари
Мајк Матета – 35.000 долари
Рони Лоренс – 30.000 долари
Сергеј Морозов – 30.000 долари
Максим Гришин – 26.000 долари
Вилијам Најт – 20.000 долари
Даглас Андраде – 20.000 долари
Карлос Улберг – 20.000 долари
Фабио Шарант – 20.000 долари
Џеремаја Велс – 15.000 долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО