Адесања ја одбрани титулата против Ветори, Нејт Дијаз совладан, Морено го задуши Фигуередо и ја освои титулата (ВИДЕО)

Израел Адесања (21-1) ја одбрани титулата во средна категорија на УФЦ. Во главната борба на УФЦ 263 што се одржа во Гила ривер арена во Глендејл, Адесања го победи Марвин Ветори (17-5-1) со едногласна одлука на судиите. Тоа беше реванш по три години кога Израел победи со поделена одлука на судиите.

На почетокот на борбата, Марвин ја окупираше средината на октагонот и се обиде да го фати Израел на крива нога. Тоа му успеа по минута ипол, и ја однесе борбата на партер. Но, Адесања успеа да исправи на нозе и се обиде да ја наруши неговата концентрација со „ниски удари/ лоу кикови“.

Продолжението понуди уште поголема акција во која и двајцата борци си разменија многу удари. Повторно Ветори се обиде да ја однесе борбата на партер, но Адесања не сакаше да ја прифати и брзо излезе од ситуацијата.

Во последната минута од втората рунда, Израел се закани со два „високи ножни удари“, но Марвин вешто ги избегна.

Ветори го сруши Адесања на почетокот на третата рунда, па се обиде да му се закани. Израел повторно се повлече, го зграпчи Марвин за грб и се обиде да го задуши, но тоа не успеа.

Додека се враќаа на нозе, Израел ненамерно го фати Марвин за око, па Италијанецот побара пауза, како и кон крајот на рундата кога Адесања го удри во меѓуножјето.

Четвртата рунда претежно минуваше низ акција среде октагон, а Израел во тактичка борба се обиде да се закани со ножни удари.

Ветори исто така се обиде да го собори противникот на почетокот на петтата рунда, но Адесања не го дозволи тоа. Но, беше очигледно дека се уморни, а последните пет минути поминаа претежно во тактичко надмудрување со малку акција.

Во коглавната борба Брендон Морено (19-5-2) на фантастичен начин стигна до појасот во мува категорија совладувајќи го Деивсон Фигуередо (20-2-1) со задушување од позади во средината на третата рунда.

Тоа беше возвратен меч откако нивната прва средба минатиот декември заврши нерешено. Натпреварот беше исполнет со невидена акција во која и двајцата имаа свои моменти, а клучна беше третата рунда во која Мексиканецот ја дочека својата шанса и атрактивни ја заврши борбата.

Враќањето на Нејт Дијаз (20-13) се чекаше година ипол. Американецот се врати во дуел против Леон Едвардс (19-3, 1 НК), а мечот во пет рунди заврши со триумф на британскиот борец.

Борбата беше многу динамична во која Леон беше за нијанса подобар, но Нејт добро се држеше и покажа како УФЦ сè уште може да смета на него.

Белал Мухамед (19-3, 1 НЦ) успешно ја санираше повредата по средбата против Едвардс, кога Британецот несакајќи го со прстот за време на борбата му го закачи окото. Американецот со палестинско потекло го победи со едногласна одлука на судиите Демијан Маја (28-11).

Еден од најбрзите нокаути во историјата на промоцијата беше виден во воведната програма кога Теренс Мекини го победи Мет Фревол за само седум секунди.

Но, рекордот во најсилната ММА организација сè уште го држи Хорхе Масвидал, кој го нокаутира Бен Аскрен за пет секунди на УФЦ 239 во јули 2019 година.

Резултати – УФЦ 263:
Израел Адесања – Марвин Ветори – едногласна одлука (50-45, 50-45, 50-45)
Брендон Морено – Деивисон Фигуередо – заврш. (давење од позади) Р3 (2:26)
Леон Едвардс – Нејт Дијаз – едногласна одлука (49–46, 49–46, 49–46)
Бела Мухамед – Демијан Маја – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Пол Крег – Џамахал Хил – техничка завршница (армбар), Р1 (1:59)

Воведни борби:
Бред Ридел – Дру Добер – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Ерик Андерс – Дарен Стјуарт – едногласна одлука (29–28, 29–27, 29–27)
Лорен Марфи – Џоан Калдервуд – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Мовсар Евлоев -Хаким Даоду – едногласна одлука (29-27, 29-27, 29-27)
Пани Кијанзад – Алексис Дејвис – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Теренс Мекини – Мет Фревола – КО (удари), Р1 (0:07)
Стивен Петерсон – Чејс Хупер – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Фарес Зијам – Луиџи Вендрамини – мнозинска одлука (29–28, 29–28, 28–28)
Карлос Фелипе – Џејк Колиер – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО