Брендон Морено е првиот мексикански шампион во УФЦ (ВИДЕО)

Брендон Морено (27), кој беше отпуштен од УФЦ за три последователни порази пред извесно време, стана првиот мексикански шампион во историјата на организацијата. Тој ја освои титулата во мува категорија со победа над Бразилецот Дејвисон Фигуередо на УФЦ 263.

Во првата рунда Морено јасно стави до знаење дека нема да му попушти на актуелниот шампион во која било од компонентите на битката, го собори еднаш со точен удар, но не успеа да го заврши на партер.

Разврската дојде во третата рунда кога Морено го префрли шампионот и направи задушување од позади, принудувајќи го Бразилецот да се предаде.

„Ова е неверојатен момент. Погледнете го животот – УФЦ ме ослободи, но погледнете ме сега! Јас зборувам пред тебе, држејќи го овој тежок појас! Неверојатно е. Работев толку многу и сега ја држам титулата. Неверојатно е“, рече среќниот Морено по успехот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО