Адесања и Волкановски имале сообраќајна несреќа, но не се повредени

Автобусот што го превезуваше актуелниот шампион во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања, доживеа сообраќајна несреќа. Ова го пренесува Спортскеда, повикувајќи се на бразилската новинска агенција АГФајт. Според изворот, во автобусот со новозеландскиот борец бил и шампионот во перолесна категорија Алекс Волкановски.

Се наведува дека автобусот удрил во противпожарен хидрант на пат кон Медисон сквер гарден, каде се одржала прес-конференција. За среќа, во инцидентот никој од патниците не е повреден, но има оштетувања на самиот автобус.

На 12 ноември во рамките на главниот настан на турнирот УФЦ 281 ќе се одржи борбата за титулата меѓу Израел Адесања и бразилскиот борец Алекс Переира. Адесања има 24 борби во професионални мешани боречки вештини и 23 победи, Переира има 6 победи со 1 пораз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО