Селекторот Митровски: Сигурно ќе се вратиме со медали и барем едно злато од Европското првенство

Вчера се одржа последниот тренинг со избраните претставници и нивните спаринг-партнери на макеоднските кикбоксери кои патуваат на Европското сениорско првенство ВАКО во Анталија, Турција, што ќе се одржи од 11 до 21 ноември.

Боите на Македонија ќе ги бранат осумина кикбоксери:

1.Бобан Илиовски
2.Стефан Михајловски
3.Викторија Варадинова
4.Мите Ашкилов
5.Филип Ризов
6.Марко Горневски
7.Марко Тодоров
8.Роберт Костовски

„Натпреварувачите се одлично подготвени и верувам дека ќе постигнат добар резултат и дека сигурно ќе се вратиме со медали и барем едно злато“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО