Адесања: Го виткам пенисот околу половината, затоа што тоа е црн појас

Израел Адесања ги замолкна критичарите со доминантна победа над Пауло Коста изминатиов викенд во Абу Даби. Тие се бореа во главната битка на УФЦ 253, а залог беше појасот во средна категорија, како и нивниот скор без пораз.

Во последниве години видовме многу отровни навреди што си ги разменија Адесања и Коста. Пред борбата Пауло Коста не престана да се фали дека има црн појас во бразилското џиу-џицу, а тоа го иритираше шампионот.

Беше јасно дека двајцата нема да бидат пријателски настреони, а Адесања го покажа тоа по победата. Израел се исмејуваше со Пауло Коста, кој му беше свртен со грбот и не виде што прави шампионот. Веднаш потоа, Израел се упати кон аголот на Бразилецот и размени неколку збора со тренерот на Коста, по што Адесања симулираше ејакулација врз луѓето на Коста.

Тоа не беше сè, затоа што Адесања размислуваше и за црниот појас. Шампионот рече дека можеби нема црн појас во бразилската џиу џицу, но неговиот пенис е црн појас и го витка околу половината.

Адесања: „Го виткам пенисот околу половината, затоа што тоа е црн појас“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО