Адегбуи ги продаде 2.500 евра ракавиците со кои го нокаутира Бадр Хари

Бенџамин Адегбуи ги продаде раквиците со кои го нокаутира Бадр Хари во декември, веќе минатата година.

Адегбуи успеа да преживее во втората рунда по тешкиот нокдаун и во третата, како феникс од пепелта, стана и му го скрши носот на мароканската легенда. Малку подоцна, Бенџамин го удри во ребрата и повторно го сруши, по што Хари одби да стане.

На социјалните мрежи Адегбуи ги објави раквиците за продажба, а нивната почетна цена беше 300 евра. За неколку дена успеа да собере многу понуди, а најголемата беше 2.500 евра. Неколку дена откако ги продаде раквиците, Адегбуи ги посети луѓето во неволја и им помагаше.

Купи материјали за изградба на кујна што сака да ја изгради татко со 4 деца. Бенџамин посети и 16-годишно момче кое самостојно градеше куќа. Бени, исто така, купил материјали за младиот човек, што му помогнало во изградбата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО