Дана Вајт: Аманда Нунеш ќе го нокаутира Џејк Пол

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт верува дека двојната шампионка Аманда Нунеш ќе ја испрати интернет-сензацијата Џејк Пол во кома. Познатиот блогер од Јутјуб не престанува да ги предизвикува големите имиња во ММА. Неодамна ги исмејуваше Конор Мек Грегор, Дана Вајт, Дилан Денис, Мајкл Биспинг, Нејт Дијаз и Бен Аскрен.

Вајт му понуди бокс со Аманда Нунеш, но Пол одби, бидејќи никој не ја познавал. Пол направи две борби во боксот што ги доби минатата година и сега верува дека може да се справи со борците од калибарот на Мек Грегор. Дана реши да го искоментира Пол, кој привлекува повеќе внимание од многу борци на УФЦ.

„Кој се грижи за браќата Пол? И двајцата не можат да се борат. Тоа е голема измама. Ако има луѓе кои се доволно глупи да плаќаат за своите настапи, тогаш е успех. Не ми е гајле што ќе каже Џејк Пол. Тој се обидува да заработи пари и има луѓе кои сакаат да ги потрошат своите пари на него. Јас не сум таков.

Аманда Нунеш ќе го нокаутира. Тој вели дека не сака да се бори со неа затоа што таа е жена. Не треба да се борат, затоа што таа ќе го испрати во кома. Ова момче е само дете на улица. Има среќа што сме во пандемија. Зборува глупости за вистински луѓе.

Тоа се луѓе кои можат да го сретнат некоја ноќ додека е во ресторан. Тој не е вистинска личност. Тоа е само дете од Јутјуб“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО