Песна на Еминем во новото промо за Мек Грегор-Пориер (ВИДЕО)

Најголемата светска ММА организација (УФЦ) ќе ја почне годината со првиот голем ППГ настаб во 2021 година. Во Абу Даби ќе го видиме УФЦ 257 преводен од големата ѕвезда Конор Мек Грегор и Дастин Пориер. Тие ќе се борат во лесна категорија, а нивната борба ќе номинира кандидат за титулата.

Мала е веројатноста организацијата да ја вклучи титулата во последен момент, ако му ја одземат титулата на Хабиб Нурмагомедов. Тој и Дана Вајт ќе се сретнат во Абу Даби, а доколку УФЦ не го убеди Хабиб да се врати во кафезот, тогаш титулата ќе му биде одземена.

УФЦ објави уште едно промо за големата гала вечер, во која се наоѓа песната „Повисоко“ од легендата Еминем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО