Абдурахим Идризи беспрекорен и во Улцин!

218

Abdurahman  idrizi vo kimono

Абдурахман Идризи од КК Форца повторно, за кратко време, ги потврди своите квалитети во  изведба на кати, освојувајќи го првото место во апсолутна конкуренција на „Улцин опен 2015“ во Црна Гора.

Тој, со максимални 5-0, ги совлада Мустафа Рамовиќ од Бар, во полуфиналето Милан Божовиќ од КК Јадран, а во финалето го совлада црногорскиот репрезентативец Амад Лекиќ од КК Омладинац.

Со овие неколку последователни успеси, Идризи се наметнува во кадетската репрезентација на Македонија како еден од најсигурните каратисти од кого може да се очекуваат врвни резултати.

ipon.mk/В.Д.