Абдулрашид Садулаев го освои златото на руското првенство во борење

Абдулрашид Садулаев повторно доминира на рускиот душек.

Во категоријата до 97 килограми тој се наметна над сите натпреварувачи, стигнувајќи до златото, победувајќи го својот тимски колега Алихан Жабраилов со технички поени 8-4. Истиот Жабраилов кој пред еден месец ја освои олимписката квота за Русија.

Потсетуваме дека Садулаев не беше примен на турнирите за освојување на олимписка норма. Со интерес чекаме што ќе биде со двократниот олимписки шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО