Анастасија Трајчева е во одлична форма за Европското првенство во Грција

Олимпија од Штип ќе има две борачки на Европското првенство за У-15 во Лутраки, Грција, од 14 до 19 мај, но за две репрезентации.

Покрај Андреа Нисева, која ќе настапи за репрезентацијата на Бугарија, на ЕП ќе учествува и Анастасија Трајчева. Таа ќе настапи за репрезентацијата на Македонија. Трајчева на Државното првенство во Штип, како борачка на Вардар, бидејќи Олмпија не челн на Федерацијата.

Сепак, од Олимпија истакнуваат дека таа се подготвува за ЕП и дека една од најнадежните македонски борачки.

„Анастасија Трајчева последна недела од подготовките во БК Олимпија – Штип, која ќе настапи на ЕП во Грција, очекуваме добар пласман. Инаку, спарингува со двократната балканска шампионка и медалистка од Европското првенство во Капошвар-Унгарија, Андреа Нисева“, велат од Олимпија и додаваат:

„Трајчева е во тренанжен процес со нејзинијот личен тренер Гордан Николов. Таа убедливо ги совлада сите противнички на последното Државно првенство и очекува голем резултат од ЕП во У-15 во Лутраки. Тренерот Николов истакнува дека Анстасија е во одлична форма“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО