Али Аделазиз е бесен на Конор Мек Грегор кој ја премина границата пред неколку дена со нов коментар. На социјалните мрежи Мек Грегор се потсмеваше на смртта на Абдулманап Нурмагомедов. Таткото на Хабиб почина пред една година по тешка битка со Ковид-19.
Хабиб е еден од големите непријатели на Мек Грегор, а тие честопати се навредуваат. Овој месец Мек Грегор ја скрши ногата во битка со Дастин Пориер. Тогаш Хабиб напиша дека доброто го победи злото. Сепак, ова го испровоцира Мек Грегор и две недели по поразот одговори.
Конор напиша дека доброто е Ковид, а злото е таткото на Хабиб. Да, Конор стави знак прашалник на крајот, но тоа не ја ублажува неговата вина и глупост. Медиумите ширум светот, како и милиони фанови беа згрозени од овој коментар.
Мек Грегор традиционално го избриша, но беше предоцна, бидејќи објавата веќе се прошири. На својот профил на социјалните медиуми Абделазиз ја коментираше објавата на Мек Грегор.
„Мек Грегор, не грижи се. Ќе ти дојде времето“, напиша Абделазиз.