Во Кочани полагање за појаси и подготвителен натпревар за Државното првенство во реално аикидо

Вчера во Кочани Клубот за реално аикидо Нико одржа полагање за појаси.

Комисијата ја предводеше претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија-реален аикидо, Ѓуро Илиќ.

Учениците на Николчо Гоцев го покажаа наученото во најдобро светло и покрај тешката година за тренинзи поради ковид-мерките.

Освен тоа, се одржа подготвителен натпревар за Државното првенство за сите возрасни категории кое идната сабота ќе се одржи во Битола во две дисциплини – форма и демо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО