Ломаченко: Ќе одам секаде, за да се борам со Камбосос

Василиј Ломаченко сака да организира борба со шампионот во лесна категорија Џорџ Камбосос. Украинецот по многу силен настап го совлада Ричард Коми и смета дека направил доволно за да се судри со Австралиецот.

Шампионот изрази желба да ги брани појасите во Австралија

„Ќе одам каде било да се соочам со него. Ми треба оваа шанса“, изјави Ломаченко.

„Ако Бог ми ја даде оваа шанса, ќе ја искористам. И претходно кажав дека не сакам да зборувам за себе. Имаме многу добри борци во нашата категорија. Можеме да организираме одлични натпревари во иднина“.

„Ја видов ситуацијата со Коми. Му беше многу тешко, па им реков да ја прекинат борбата. Тој е вистински воин и има големо срце. Продолживме и им покажавме на луѓето 12 добри рунди“, додаде Лома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО