Ломаченко одржа уште една лекција по бокс (ВИДЕО)

Васили Ломаченко ја оствари очекуваната победа против Ричард Коми при враќањето во рингот во лесна категорија.

Украинецот доминираше во сите 12 руди и заслужено си ја честиташе победата.

Битката беше за интерконтиненталниот појас на ВБО во Медисон сквер гарден.

Украинецот уште од самиот почеток си ја олесни задачата и успеа да направи одлични комбинации и серии.

Во седмата рунда го нокаутира противникот, но и без него судирот беше во корист на Лома.

Судиите ја видоа битката 119-108, 117-110 и 119-108.

„Видов пробив во негова близина и веднаш искористив. Сакав порано да ја прекинам борбата“, изјави Ломаченко по победата.

„Го изгубив од вид на секунда и видовте што се случи. Добро сум, не сум повреден, но тој е одличен боксер“, објасни Коми по мечот.

Со оваа победа, поранешниот шампион во лесна категорија обезбеди нова пресметка за појасите, се очекува да преговара за борба со Џорџ Камбосос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО