Карлос Кондит го победи Мет Браун во пресметката на ветераните (ВИДЕО)

Во пресметката на ветераните Карлос Кондит и Мет Браун на УФЦ Фајт најт во Абу Даби славеше Кондит со одлука на судиите.

Во првата рунда, Кондит удри, а потоа Браун ја пренесе борбата на партер. Таму зазеде доминантна позиција, но Кондит не се предаде и погоди од лежечка позиција.

Карлос се обиде со завршница, но не успеа. На крајот од рундата ги сврте работите, а Мет се обиде со принуда, но без успех. Тешка рунда за предвидување, но може да се каже дека Браун имаше мала предност.

Во втората Кондит зададе ислна десница и го повреди Браун, кој му врати со силен лакт. Разменија неколку удари и влегоа во клинч. Кондит успеа да ја пренесе битката на партер, каде што доминираше до крајот на рундата и се чини дека ја доби во картичкте на судиите.

Во третата рунда Карлос го погоди Браун во препоните и борбата беше прекината за кратко. Влегоа во клинч и ја пренесоа борбата на партер, каде што Кондит беше во подобра позиција и средбата дојде до одлука. Сосема изненадувачки, со оглед на она што се случи, судиите пресудија претежно во корист на Кондит – (30-27, 30-27, 30-27).

Мет Браун беше видно разочаран од оваа одлука. Да, изгуби, но тешко со толку голема разлика. Кондит влегува во серија од две последователни победи за прв пат по 9 години. Браун, пак, влезе во серија од два последователни порази.

Резултати – УФЦ Фајт најт
Макс Холовеј – Калвин Катар
Карлос Кондит – Мет Браун со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Ли Џинглијанг – Сантијаго Понзинибио со ТКО од 1, 4:25
Алесио Ди Кирико – Хоакин Бакли со ТКО 1, 2:12
Пунахеле Соријано – Душко Тодоровиќ со ТКО 1, 4, 49

Жозелин Едвардс – Ву Јанан со одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Карлос Фелипе – Џастин Тафа со одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Рамазан Емеев – Давид Завада со одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Ванеса Мело – Сара Морас со одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Остин Линго – Џејкоб Килбурн со одлука (30-26, 30-26, 30-27)


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО