Други вештиниЕвропски игри 2015 Баку
Борачи со шлаканици го решаваа мечот во Баку! (ВИДЕО)
Ако не можеш со борење да го добиеш противникот тогаш удирај шлаканици. Така ја решаваа нивната пресметка на душекот во Баку борачите Владимир Хинчегашвили (Грузија) и Владислав Андреев (Белорусија), згора на тоа станаа вистински хит на социјалните мрежи, поради тоа што од нивната борба направија голем циркус.
Грузецот губеше со 2:1, па во еден момент почна да го удира Андреев со шлаканици, а овој без размислување му одговори со истото оружје. Судијата ја прекина борбата, а по консултација со комисијата одлучи да ги дисквалификува двајцата борачи.
https://youtu.be/ojITCFY_zQ8




