Емил Павлов: Желба ми е да се вратам со медал и од Светското првенство!

Pavlov i Zhariev
Павлов и градоначалникот Илчо Захариев

„Моја желба е да се вратам и со еден медал од Светско првенство..., порача еден од најскромните карате мајстори во Македонија и носител на бронзениот медал од Европските игри во Баку, Емил Павлов, на денешниот прием кај градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, при што го нагласи вниманието што му беше укажано од Македонскиот олимписки комитет (МОК) на Игрите да биде македонски знаменосец.

„Горди сме на твоите резултати. Исто така, признание упатувам и до твоите тренери Сашко и Жарко Арсовски (кои присуствуваа на приемот). Би сакал да те видам и на Олимпијадата во 2020 година, кога каратето треба да влезе во олимпиското семејство“,- рече градоначалникот Захариев.

Priem kaj Zahariev p-avlov so trenerite
Емил Павлов, Сашко и Жарко Арсовски и Тоше Ристов

Двајцата тренери, браќата Сашко и Жарко Арсовски, исто така врвни карате мајстори, додадоа дека Емил Павлов секогаш е редовен на тренинзите и дисциплиниран.
„Тој во изминататите месеци имаше само една недела пауза. Сите други денови тренираше со нас. Малата пауза дојде веднаш по ЕП, за веднаш потоа да продолжиме со подготовките за Баку“, рекоа Сашко и Жарко Арсовски, кои додадоа дека сега паузата ќе биде најдолга- две недели, за потоа да продолжи пеколно за идните натпревари.

Pavlov i Rozata
Емил Павлов и Тоше Ристов-Розата

На средбата присустуваше и поранешниот каратист, Тоше Ристов-Розата, еден од најдобрите каратисти на Штип, сега раководител во локалната самоуправа, кој беше носител на неколку медали од меѓународни натпревари . И тој му го честиташе големиот успех на Емил Павлов и му посака да продолжи и натаму со работа и да не се задоволува од постигнатото.

ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО