Емилијаненко верува дека Кристијан Воденски е идната ѕвезда на ММА!

Kristijan i Fedor

Славната ѕвезда на ММА, Федор Емилијаненко, го стави на својот фејсбук профил пишувањето на М-1 Глобал за Кристијан Воденски како идна ѕвезда на овој спорт.

Screenshot 2015-06-17 10.17.56

Тоа значи дека е Емилијаненко верува дека Кристијан е идната ѕвезда на овој спорт, а можеби и во повеќе, како кик бокс, борење, бразилско џиу џицу, а зотшто не и бокс.

Вака напиша М-1 Глобал: „Идната ѕвезда на ММА, 9-годишниот Кристијан Воденски има 94 борби на турнирите во кик бокс, граплинг и БЏЏ. Идната ѕвезда на ММА“!

М-1 Глобал, изданието на М-1 организацијата од Русија за ММА, која е параван на УФЦ и е многу популарна во Русија и светот.

Ќе потсетиме дека Воденски живее во Германија, а настапува под македонско знаме.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО