Костовски: Ваков сениорски тим е гордост за македонскиот олимписки спорт

Момците од фотографијата на ТКД Бутел од Скопје се за респект, но и стасни момци кои ги освојуваат срцата на девојките. Оваа екипа предводена од главниот тренер Борче Костовски, како и неговиот брат Дарко Костовски, до сега вкупно има освоено околу 500 медали, од кои стотина од елитни натпреварувања, над 60 медали од Г1 турнир (бодовни за олимписко рангирање) од кои 25 сениорски, што е за особена почит.

„Меѓу медалите е историското сениорско злато на Европско првенство своено од Дејан Георгиевски со нанижени пет победи. Има и два медали од европските првенства во У-21 и еден сребрен медал од метидерански игри. Филип Додевски освои бронзен медал на Европското првенство за У-21. Момците се неколкукратни балкански јуниорски и сениорски шампиони итн“, вели тренерот на ТКД Бутел, Дарко Костовски.

Тој истакнува дека Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Филип Стаменов оваа сезона ја почнаа со неколку освоени медали на Г-1 турнири, но пандемијата ја запре сезоната и сега едвај чекаат повторно да почне.

„Да се има вака сериозен сениорски тим во олимписки боречки спорт во Македонија е голема работа, вистинска реткост и гордост за македонскиот олимписки спорт. Никако не смееме да ја заборавиме и Анамрија Георгиевска која во 2018 беше прогласена за најдобра млада спортистка освојувајќи бронзен медал на Светското јуниорско првенство. WT(Светското таеквондо) се уште нема насоки како и кога би се одвивале натпреварите, но она што е наша работа е да се грижиме за формата на овие спортисти и секако да бидеме потготвени во секое време за старт на сезоната“, нагласува Костовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО