Олимпискиот вицешампион посрамотен и доживотно суспендиран!

Јужнокорејскиот џудока Ванг Ки-Чун, сребрен медалист на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, со едногласна одлука на Корејската џудо федерација доживотно е суспендиран заради обвинувањата за сексуален напад, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Ванг е уапсен на 2 мај под обвинение за сексуално напад врз малолетничка.

Корејската џудо федерација соопшти дека 31-годишниот Ванг, иако обвинувањата сè уште не се потврдени, и наштетил на и на општествениот статус на џудото.

Ванг испрати писмо во жалбената постапка, но содржината на писмото не е објавена.

Освојувачот на сребрениот медал од Олимпијадата во 2008 година во категоријата до 73 кг сè уште има можност да се жали до Корејскиот спортски и олимписки комитет во наредните седум дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО