Холифилд: Тајсон ми беше инспирација да се подигнам во тешка категорија, но најмногу ме интересира нов меч со Боу

Откако Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон најавија враќање во рингот во за егзебициски мечеви веднаш почна да се врти приказната за нивната нова средба меѓу јажињата.

Добро се познати нивните две борби од 90-тите години, а двајцата 50-годишници по се ги закопаа воените секири.

Холифилд е заинтересиран за трет меч со Тајсон, но уште повеќе го интересира еден стар ривал.

„Мојот менаџер разговара со нив и за сето тоа, но факт е дека јас лично, единствената личност што всушност би ја барал е Ридик Боу. Тој и јас сме пријатели“, изјави 57-годишниот Американец за ТМЗ.

Холифилд беше неспорен светски шампион во полутешка и во тешка категорија.

„Тајсон беше инспирација. Кога Тајсон стана светски шампион во тешка категорија, сфатив дека и јас би можел да го сторам тоа. Го ценам секој што дошол пред мене. Мајк ги победи големите момци. Ако можел тој, можам и јас”.

Холифилд и Боу учествуваа во незаборавна трилогија.

Во првиот натпревар од 1992 година, Боу победи со едногласна одлука и стана неоспорен шампион во тешка категорија освојувајќи ги појасите на ВБА, ВБЦ и ИБФ. Холифилд му се реваншира следната година победувајќи го со мнозинска одлука, а Боу ја заврши трилогијата без сомнение во 1995 година, станувајќи првиот борец што го нокаутира Холифилд.

По тие борби неговата сериозна кариера практично беше готова. Оствари две победи со дисквалификација против Ендру Голота во средбите во кои доби тежок ќотек.

Денес 52-годишниот Боу се врати и боксираше трипати во новиот милениум, последен пат во 2008 година. Сребрениот олимпиец од Сеул 2013 година се настапи и на муј тај меч во Тајланд во кој беше поразен со прекин.

Холифилд последен пат се бореше во 2011 година.

https://www.youtube.com/watch?v=myBZD3v9VX0&feature=emb_logo

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО