Боксерската легенда и светски првак Џорџ Форман смета дека титулата во тешка категорија на ВБЦ повторно ќе му припадне на Дионтеј Вајлдер, иако во февруари беше поразен во борбата за титулата од Тајсон Фјури.
„Убаво си поразговаравме со Вајлдер. Муабетевме, бидејќи и јас бев во позиција во која неочекувано ја изгубив борбата за титулата. Знам низ што поминува и ќе мора да живее со поразот од Фјури. Меѓутоа, можам да му покажам како да живее со тоа, но и да се врати уште подобар. Долго разговаравме за тоа и верувам дека Вајлдер може да победи и тоа лесно. Дајте му прилика и ќе ви покаже“, рече Форман во разговор за „Сан“.
GEORGE FOREMAN says Deontay Wilder could “easily” beat Tyson Fury in their trilogy fight – but he does not hit as hard as Mike Tyson. Many pundits had claimed the Bronze Bomber was the hardes… https://t.co/GsFYUgfL9i
— Irish Sun Sport (@IrishSunSport) April 13, 2020
Легендарсниот боксер го потенцираше квалитетот на удар кај Вајлдер.
„Добар е, но уште е далеку од боксери како Џо Луис, Џо Фрејзер и Мајк Тајсон. Уште не е блиску до едно такво признание. По мое мислење, потребна му е борба како онаа на Мајк Тајсон против Тревор Бербик. Кога го гледав тој меч си помислив: ‘Овој тип е кошмар’“, рече Форман.
Фјури и Вајлдер требаше на 18 јули да го одиграат завршниот меч од трилогијата, но таа средба, како и речиси сите спортски натпреварувања ширум светот, е одложен на неодредено време поради пандемијата со Ковид-19.