Влезниците за борбата на Мек Грегор распродадени за три минути

Конор Мек Грегор се враќа во октагонот на 18 јануари на УФЦ 246 во Лас Вегас против Доналд Цероне, меч во кој ќе се обиде да и се врати на победите.

Овој настан привлекува големо внимание бидејќи се среќаваат и Ентони Петис и Холи Холм.

https://twitter.com/4PawShop/status/1209073183522877440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1209073183522877440&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fza-tri-minuti-rasprodadeni-vlezniczite-za-borbata-na-mekgregor%2F

Но, без сомнение сите погледи повеќе ќе бидат насочени кон борбата на Ирецот Мек Грегор против „Каубојот“ Цероне.

Влезниците за УФЦ 246 чинат помеѓу 350 и 1.500 долари, а се распродадени за само три минути.

Се верува дека овој настан кој ќе се одржи во Лас Вегас може да сруши некои рекорди кога станува збор за заработката.

Потсетување дека во својата последна борба Мек Грегор беше поразен од Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 239.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО