Австралиската мај тај легенда се подготвува да ја оставари најголемата заработувачка во кариерата во бокс

Џон Вејн Парр ќе боксира против поранешен светски шампион.

43-годишниот ЏВП/JWP на 29 ноември во Голд Коуст ќе се врати во боксерскиот ринг за првпат по 2003 година, за да ги одмери силите со 44-годишниот Ентони Мундин (48-9, 28 КО).

Мундинe е поранешен двоен WBA светски шампион во суперсредна категорија, а ги држеше и ИБО титулата во средна и привремена титула на ВБА во супервелтер.

Се враќа по едногодишна пауза. Во последниот меч во ноември 2018 година за 96 секунди беше нокутиран од поранешниот светски шампион Џеф Хорн.

Мечот со Пар е договорен во категоријата до 75 килограми, а Пар последен пат боксираше во 2003 година против поранешниот шампион на ВБЦ во суперсредна категорија Саки Бајк. Беше поразен со едногласна одлука.

Досега направи 13 професионални борби со скор 10-3, 10 КО.

https://www.facebook.com/30612449572/videos/516551149106079/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО