Ковалев ја одби ниската понуда за борба со Канело

ВБО првакот во полутешка категорија Сергеј Ковалев (33-3-1, 28 КО) доби понуда да се бори со Алварез Канело (52-1-2, 35 КО).

ВБЦ, ВБА и ИБФ шампионот во средна категорија е подготвен да се подигне за две тежински категории за на 14 септември да го предизвика Русинот, но тимот на Крушеров ја одби првата понуда сметајќи ја за прениска.

И покрај тоа што не се знае точниот износ, наводно Голден бој промоцијата испратила на промоторот на Ковалев Меин ивентс понуда што е двојно помала од десет милиона долари колку што доби Даниел Џејкобс во мај за мечот со Канела за обединување на светските титули во средна категорија.

Мексиканецот во овој момент очигледно повеќе сака да се бори за појасот светски првак во полутешка категорија, наместо да оди на трета средба со Генади Головкин, но ако не се договори со ​​Русинот, ГГГ останува како единствена прифатлива опција за челниците на ДАЗН со кои Канело потпиша договор во вредност од над 350 милиони долари.

ДАЗН прифати со Канело прв да се бори со Ковалев, а потоа во мај следната година повторно Головкин.

Ковалев веќе има договорена одбрана против задолжителниот предизвикувач Ентони Јард (18-0, 17 КО). Мечот е веќе закажан за 29 јуни, но е поместен до 24 август и ако се бори со Канело тој меч би морал да биде откажан.

Русинот бара многу повеќе од понуденото, бидејќи, меѓу другото, Меин ивентс ќе мора многу повеќе да плати на промоторот на Јард, Френк Ворен, за да му дозволи да боксира со Мексиканецот. Јард во таа борба би требало да оствари рекордна заработувачка во кариерата која ќе ја надмине сумата од еден милион долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО