Ентони Џошуа и Енди Руиз се соочија пред пресметката во Њујорк (ВИДЕО)

Шампионот на ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО во тешка категорија Ентони Џошуа се соочи со Енди Руиз.

Тие одржаа прес-конференција за медиумите неколку дена пред нивниот меч овој викенд.

Колку и да беше очигледно од фотографиите, физичката и висинската супериорност на Џошуа се респектирачи во однос на неговиот противник.

Менаџерот на Џошуа, Еди Херн е категоричен во победата на својот боксер.

„Мислам дека Џошуа убедливо ќе го победи, премногу е силен. Ако го извадите вишокот на масти од телото на Руиз, ќе се покаже дека е боксер за пониска категорија. Тој не е крупен човек и ако Џошуа пристапи сериозно, борбата ќе биде брутална и кратка – најверојатно ќе заврши со нокаут до 4-тата рунда“.

Ова ќе биде официјално деби на Џошуа во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО