Даниел Стефановски во сабота ја напаѓа светската титула на ИСКА

Македонскиот воин Даниел Стефановски во сабота е пред нов голем предизвик – борба за светската титула на ИСКА, една од најголемите кик бокс организации. Стефановски за противник го има Софијан Алилуше од Франција.

Тие во Цирих – Швајцарија, Фајт најт настанот ќе се борат во пет рунди по три минути по К-1 правилата до 81,5 КГ

„Очекуваме јака борба со противникот Софијан Алилуше од Франција. Јак противник, со големо искуство. Но, јас сум подготвен за борба од 5 рунди“, изјави Стефановски за Ипон.мк

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО