Олимпија суспендирана поради неплаќање на казните, Страшо Глигорв со двегодишна забрана

Дисциплинската комисија при Федрацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) го суспендира БК Олимпија од Штип од учество на Државни и Изборни првенства во организација на ФБСМ, заради неуплатените парични казни изречени за инцидентот на Изборното првенство во Чаир, Скопје. Страшо Глигоров доби двегодишна забрана за вршење должност во боречката организација, односно до 05 мај 2021 година.

Олимпија беше казнета со 500 евра во денарска против вредност и забрана организација на Држави и Изборни првенства до крајот на 2019 година. Африм Џелили, тренерот на БК Лирија, има забрана на вршење на тренерска должност во период од шест месеци, односно до 11 август 2019 година. Борачот на БК Лирија Увејс Фејзулау е без право на настап 12 месеци, до 11 февруари 2020 година. Олимпија се казнува со 300 евра во денарска против вредност. Тренерите на клубот Гордан Николов и Кире Нисев добија забрана за вршење на тренерска должност од 12 месеци, до 11 февруари 2020 година. И Михаил Николов од БК Олимпија нема да може да се натпреварува до истиот датум.

За Глигоров нема образложение за што се казнува, бидејќи ова се само изречените казни.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО