„Тајсон Фјури веќе е поголема ѕвезда од Џошуа“

Непобедениот боксер во тешка категорија, Тајсон Фјури сега е попривлечна ѕвезда од неговиот сонародник, светскиот шампион Ентони Џошуа. Тоа го мисли менаџерот Френк Ворен.

Поранешниот шампион Фјури учествуваше во возбудлив, но многу контроверзен бокс меч против Дионтеј Вајлдер кој заврши нерешено. Се чини дека реваншот тропа на вратата.

„Тој е шампион на народот“, рече Ворен и додава:„Мислам дека сега е поголема атракција од Ентони Џошуа.

Против кого и да се бори, ако борбата е во Англија, тоа ќе биде голем хит. Во моментов преговараме со Шели Финкел, кој е менаџер на Вајлдер и се обидуваме да го организираме реваншот.

Тајсон сака само големи дуели. И има само две можности – против Вајлдер или Џошуа. Џошуа, сепак, дури и не сака да слушне за Фјури, бидејќи знае дека ќе јаде ќотек“.

Сепак, Ворен рече дека средба со Џошуа ќе се продаде 10 пати.

„Таква битка ќе ја анимира целата земја – сите ќе зборуваат за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО