Дилиен Вајт призна: Џошуа ќе се бори со Џарел Милер

Му се испушти на Дилиен Вајт кој ќе биде следниот ривал на Ентони Џошуа. Тешкиот лондончанец се надеваше дека тој ќе биде противник на светскиот шампион за следната борба во април.

„Не знам што се случува. Мислев дека некој ќе ме контактира. Веќе втора недела не сум се видел со Еди Херн. Нема да имам доволно време да се подготвам за средба со Џошуа. Морам да сум на чисто што ќе се случува. Гласини се дека Џошуа во следната борба ќе боксира во САД. Неговиот ривал ќе биде Џарел Милер, а мечот ќе биде во Медисон сквер гарден“, рече Вајт.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО