Веласкез има потреба да биде 100 отсто подготвен за Нгану

Поранешниот шампион на УФЦ, Каин Веласкез, ќе се врати на 17 февруари за да се бори против камерунскиот титан Френсис Нгану. Дуелот ќе биде главен на настанот во Феникс, Аризона.

„Нгану е многу опасен противник. Морам да бидам 100 отсто, но сум подготвен за тоа“.

Веласкез последен пат се бореше во јуни 2016 година, кога го нокаутира Тревис Браун. Имаше многу сериозни проблеми со повреда на грбот. Американецот продолжува да тренира со шампионот на УФЦ во тешка категорија, Даниел Кормиер. Се очекува завршната фази на подготовките да се приклучи и бугарскиот тешкаш Благоја Иванов – Багата.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО