Кормиер има сили за уште три меча

Тренерот на Даниел Кормиер – Хавиер Мендез изјави дека актуелниот шампион на УФЦ во тешка категорија има сили за уште три меча во организацијата. Во последните две години американската суперѕвезда на неколку пати најави дека неговата кариера е кон крајот.

„Ако тоа зависи од Дана Вајт, тој ќе побара од Кормиер да направи уште три средби. И Дана може да биде убедлив. Мислам дека има шанса да го стори тоа со Кормиер. Можно е да се направат уште три борби. Лично, би сакал Даниел да се повлече по борбата со Брок Леснар. Тој е неверојатен тренер и аналитичар. Створен за телевизија. Не му неопходни мечевите. Ако зависи само од мене, би му понудил да се бори со Брок и да се пензионира. Тешко дека ќе видиме некогаш борец на возраста на Кормиер кој направил толку многу како што тој го направи тоа во 2018 година“.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО