Денис Лебедев се врати со победа против неочекувано тврдиот Вилсон

Рускиот ветеран Денис Лебедев се врати на високо ниво со извонреден успех против досега непобедениот Американец Мајк Вилсон. 39-годишниот борец победи на поени во 12 рунди на гала вечерта во Монако. Средбата беше за титулата Светска боксерска асоцијација (ВБА)во полутешка категорија.

Во првите две рунди Лебедев сè уште не беше опуштен и му дозволил на Вилсон да го диктира темпото. Потоа работите се сменија. Тешки леви крошеа му го скршија носот на Американецот. Рунда по рунда Лебедев нанесуваше се поголем пораз на својот ривал. Ова беше 32 победа во кариерата на шампионот, која има два порази.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО