АктуелноБоксПрофесионален

Во пресметката на поранешните предизвикувачи за титулата Руиз го победи Кевин Џонсон

Во пресметката на поранешните предизвикувачи во тешка категорија Енди Руиз Јуниор (31-1, 20 КО) го победи Кевин Џонсон (32-10-1, 16 КО).

Во втората борба по поразот од Џозеф Паркер во мечот за испразнетата титула на ВБО во 2016 година, 28-годишниот Американец во Фресно, Калифорнија, со едногласна одлука на судиите го совлада 10 години постариот сонародник (97-93, 97-93, 99-91).

На Џонсон ова му беше втор последователен пораз. Во март загуби во Германија со технички нокаут од Питер Милас.

Руиз по победата го предизвика Џарел Милер.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON