Петото место на Марио Свинарски најдобар пласман на вчерашниот ден од Младинската лига

На вчерашниот ден од Карате 1 Младинската лига на ВКФ во Умаг, Хрватска, Марио Свинарски од Олимпик спорт забележа најдобар пласман од нашите каратисти освојувајќи го петото место во категоријата до 61 килограм во јуниорска конкуренција.

Свинарски со минимален резултат од 0-1 ја загуби борбата за бронзениот медал. По поразот во првиот настап од Русинот Михаил Помицев, тој прикажа добри борби во репасажот.

Вегим Мурати (Шкендија) е седми.

Да потсетиме дека завчера каратистот на Макпетрол Абдурахим Идризи го освои златниот медал во категоријата до 55 килограми, а Александар Неделковски (Металург) во кати беше седми.

Резултати
-61 кг
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Мартин Златев (Бугарија) 0-6
Дритон Халими (Фати) – Роко Михалинец (Хрватска) 0-0
Столе Смилковски (Олимпик спорт) – Јакуб Слота (Полска) 0-4
Столе Смилковски (Олимпик спорт) – Мелчор Рабаго Ранди (Андора) 1-2
Христијан Стојановски (Олимпик спорт) – Владислав Талдикин (Русија) 4-5

Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Михаил Помицев (Руисија) 1-1
Репсаж
Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Федерико Серено (Италија) 4-0
Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Мелчор Рабаго Ранди (Андора) 4-0
За бронза
Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Владислав Талдикин (Русија) 0-1

-68 кг
Дарко Костов (Олимпик спорт) – Рикардо Бомеи (Италија) 2-3

+76 кг
Вегим Мурати (Шкендија) – Вадим Ручко (Русија) 0-6
Репасаж
Вегим Мурати (Шкендија) – Јака Гал (Словенија) 2-0
Вегим Мурати (Шкендија) – Хенрик Ридстром (Норвешка) 3-1
Вегим Мурати (Шкендија) –Давид Собковијак (Полска) 0-2

-53 кг
Марија Милева (Олимпик спорт) – Кандис Лесли ( Јужна Африка) 3-0
Марија Милева (Олимпик спорт) – Џулија Анџелучи (Италија) 2-3
Марија Петровска (Металург) – Марија Франко Прац(Шпанија) 3-4

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО