Симона Заборска: Каратистките се нежни и стрпливи девојки! (ВИДЕО)

Симона со Пехар сама

Симона Заборска (1994) е каратистка која вопоследно врее го свртува внимаието на спортската јавност поради континуираните успеси. Иако на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих, Швајцарија, потфрли, а на Балканското првенство за сениори во Чачак, Србија, се врати во голем стил освојувајќи го сребрениот медал во поединчна конкуренција во борби и бронзениот во екипниот дел.

Таа е член на КК Макпетрол од Скопје и во кариерата имала 131 борба (70 победи-37 порази-5 нерешени), при што освоила 248 поени, а изгубила 110. Или, учествувала на 113 натпревари, при што имала 80 пласмани.

Во нејзината кариера има освоено 36 златни медали-17 сребрени и 22 бронзени, на меѓународни и домашни првенства, но и на силни турнири. Со екипата на Макпетрол тој учинок е 8 златни-2 сребрени и 1 бронзен медал.

До сега, таа го има најдобриот пласман на светските првенства во сениорска конкуренција на една натпреварувачка од Македонија, освојувајќи го деветото место на СП во Бремен, Германија, 2014 година.

Симона Заборска е каратистка во подем од која треба да очекуваме добри резултати во сениорска конкуренција на големите карате првенства.

Симона на пиедестал

Со сребрениот медал, фактички го потврди минатогодишниот успех од Охрид. Дали веруваше во себе дека можеш да го повториш успехот, но и да го надоградиш со златен и со медал во екипно борби?

-Се надевам дека овој упех ќе го повторам и на престојното Европско првенство во Истанбул. А со тоа и ќе го потврдам моето безрезервно вложување во карате спортот.

 Во финалето се сретна со твојта добра пријателка Јелена Ковачевиќ од Хрватска, која е име во женското карате во Европа и светот. Згора на тоа, се подготвуваше заедно со неа во Опатија. Дали имаше предрасуди дека се бориш со добра пријателка? Имаше ли притисок врз Ковачевиќ од страна на нивниот стручен штаб, затоа што заедно се подготвувате во кампот во Опатија? Како ги стекна пријателството и довербата на Јелена?

-Професионалните спортисти немаат никакви предрасуди што се однесува до професионалноста и самодокажувањето.На татамите нема пријател или непријател ,чекориш кон победа и даваш се од себе за да успееш.Пријателството продолжува и после борбите и тоа уште појако и поцврсто, Јелена е моја голема пријателка која ми дава несебична поддршка во се што работам.

Инаку нашето интезивно дружење започна со пречекот на Новата година во Опатија. Во кампот има каратистки од Италија, Австрија и други земји. Верувам дека имала личен притисок, исто како и јас, а за друго не може да стане збор. Инаку, ние до сега се имаме среќавано и ги имаме почувствувано и поразот и победата. Корсита е обострана. Ова е спој на искуството и младоста, а нашите карактери се слични.

Сепак, ќе нагласам, дека нејзиното пријателство не започнува со мене, туку таа се познава со мојата клупска другарка Наташа Илиевска, поранешната европска шампионка, но и со татко ми.

Можам да кажам пофални зборови како ме пречека во Опатија и како се однесуваше спрема мене. Мора да и возвратам за извонредното гостопримство во Скопје.

Женскиот тим бронзен медал за Македонија со тренерот Бошко Заборски

 Дали имаше мало разочарување кај тебе откако не успеа да освоиш медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, иако од тренерите на репрезентацијата беше посочувана како еден од нашите фаворити за највисок пласман?

-Секако дека имаше мало разочарување за пропуштениот медал, бидејќи предходниот период беше исполнет со многу работа, но јас гледам само напред и продолжувам со секојдневните тренинзи.

 Во март е сениорското Европско првенство во Истанбул. Минатата година го имаше најдобриот пласман на една сениорка од Македонија на светските првенства, односно го освои деветото место. Што може да очекуваме од тебе и од екипата во Турција?

-Се надевам на добар настап и имам голема желба за медал, заедно со екипата.

Симона со екипата

 Во Македонија си непобедлива, а во репрезентацијата си претежно со клупските другарки. Колку е тоа добро или, пак, лошо? Што може да очекуваме од Симона Заборска во наредниот период?

-Како што знаете, секој професионален спортист не застанува т.е. постојано вежба (тренира). Професионалниот спорт бара и отажување од секојдневните, би ги нарекла „мали уживања“,пиење кафе со пријателите, дружење после предавања на факултет итн.

Како секој спортист, кој секојдневно прави по два тренинга со многу вложен труд, очекувам врвни резултати со кои ќе ја оправдам мојата пожртвуваност и посветеност на овој спорт.

 Што беше пресудно да се одлучиш да вежбаш карате?

-Секако најголем „виновник“ да бидам каратистка беше мојот татко, Бошко Заборски, кој е и мој тренер. Кога од најмали нозе слушам разговори за и околу каратето, сигурно дека таа желба ќе се роди и кај мене. Секако, тука станува збор и за „гените“ кои сум ги наследила, па нормално е и јас и брат ми да станеме каратисти.

Симона со Петар

 Кој има поголеми протекции кај Вашиот тренер Бошко Заборски, Симона или Петар? Има ли зајадливост меѓу тебе и брат ти Петар, кој на ЕП за јуниори го освои сребрениот медал, кој е подобар или кој подобро работи одредени техники?

-Можеби во почетокот татко ми мене повеќе ме форсираше. Го слушав како утешуваше брат ми:„Таа е девојка, побрзо и завршува кариерата, а за тебе има време“. Некои поголеми зајадувачки немало, зашто „судијата“ секогаш е покрај нас.

 Како ве слуша Вашата мајка дома, кога тројцата зборувате за карате? Или, колку често ја гледа фамилијата дома или повеќе се слушате на телефон од странство?

-Па, и мојата мајка е дел од сите овие случувања. Таа е нашиот најголем поддржувач, нашиот најголем мотиватор и во моментите кога губиме некој натпревар, но и најсреќна кога победуваме. Постојано е со нас, не следи и, секако, не слуша на телефон, кога сме надвор.

 Како одат студиите? Како е односот со колегите на факултет и како регаираат по секој твој успех, па и неуспех?

-Се трудам, и покрај презафатеноста со тренинзи и натпревари, да ги следам предавањата на факултет и да ги полагам испитите (Филолошки факултет „Блаже Конески“-Англиски јазик и книжевност). Малку е потешко да се избалансира професионалниот спорт и учењето. Сепак, испитите ги полагам навреме. Колегите од факултет се радуваат на секој мој успех. Ме поддржуваат, ми помагаат за пропуштеното и заедно со мене тагуваат за секој мој неуспех. Вистински другари!

 Момчињата се плашат ли да ти пријдат и да ги изразат нивните симптаии кон тебе?

-Многу интересно прашање за каратистките. Сите мислат дека каратистките се девојчиња кои не се воопшто нежни и стрпливи. Да,се случува момчињата да мислат дека јас знам и да се борам со секој што ќе ме изнервира, но не е така. Ова е само спорт, а нашето знаење и енергија го покажуваме само на татамите.

 Што друго сакаш освен каратето?

Освен каратето, кое е моја моментална преокупација, сакам да прочитам некоја убава книга, ако тоа ми го дозволи времето, да отидам со другарите на убава забава. Значи, сакам се што сакаат и преферираат младите од мојата генерација.

Резултати на Симона:

 Балканско првенство за кадети 2008 – бронзен медал

Златна лига-Италија опен 2009 и 2010 – бронзен медал

Златна лига- Истанбул 2009 – бронзен медал

Европско првенство –јуниори Турција 2010 – петто место

Медитеранско првенствојуниори-Кипар 2011- бронзен медал

Балканско првенство јуниори 2011 – бронзен медал?

Европско првенство за јуниори Баку, Азербејџан, 2011- бронзен медал

Златна лига-Милано опен 2012 – среберен медал

Медитеранско првенство јуниори 2013 – бронзен медал

Интернационален куп – Будимпешта 2013- сребрен и бронзен медал (екипно)

Балканско првенство јуниори 2013 – бронзен медал

Светско сениорско првенство Бремен, Гермаија, 2014- девето место

Светски куп Лашко 2014 – петто место

Балканско сениорско првенство Охрид 2014 – сребрен медал

Балканско првенство за јуниори Софија 2014 – бронзен медал

Балканско првенство сениори Чачак 2015 – сребрен медал и бронзен медал (екипно)

Од 2004 година до денес таа државен првак во поединечна и екипна конкуренција, почнувајќи од детска конкуренција па до сениорска.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО