Марко Тодоров и Викторија Вардинова освоија златни медали на Европскиот куп Србија опен (ФОТО)

Кикбоксерите на Шампион од Скопје Марко Тодоров (-54 кг, кадети) и Викторија Варадинова (-60 кг, јуниори) освоија златни медали во К-1 на Европскиот куп Србија опен во Белград, а за Варадинова ова е втор откако вчера во кик лајт го освои првиот.

Варадинова со прекин во втората рунда славеше во финалето против Анџелија Николиќ од КБК Победник од Србија. Во полуфиналето Викротија ја победи Милица Стојшин од Србија со прекин во првата рунда.

Марко Тодоров во финале славеше над Шаип Идиќ од КБК Земун.

Вчера Тодоров со прекин во втората рунда го победи Игор Павловиќ од КБК Соко Уб – Србија.

Вечерва Бобан Илиоски во сениорска конкуренција во К-1 се бори за третото злато на Шампион на Европскиот куп.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО