Мухамед Али суспендиран две години поради допинг
Мухамед Али е супсендиран на две години поради употреба на допинг, но ова е младиот британски боксер кој го носи истото име со славниот. Оној, вистинскиот, би се срамел од својот од 21-годишниот Британец, кој ја утна работата уште на стартот на својата кариера.
На допинг тестот направен во април минатата година во неговиот примерок е пронајдена забранетатат супстанца трендолон, заради што Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) му изрече ригорозна казна.
„Пронајдени се два нанограма од супстанцата, не можам да објаснам од каде“, рече 21-годишниот боксер.
https://twitter.com/danroan/status/960795352008978432?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D707737
Тој тврди дека сакал да ја намли тежината, а не да ја зголеми, па затоа уште почудно е што е позитивен на оваа супстанца со која се зголемува мускулната маса.
„Тешко го доживеав сето ова, мислев дека ќе бидам суспендиран најмногу шест месеци. Но, ќе се опоравам и ќе се вратам“, изјави Али.
Мухамед Али (-52 кг) ја преставуваше Велика Британија на ОИ во Рио, ама таму не се прослави, беше елиминиран уште во првото коло. Во 2016 година, тој беше и европски вицешампион. тој за БиБиСи изјави дека напорно ќе тренира и дека ќе учетсвува на ОИ во Токио 2020.




