Бутел освои 7 медали на Хереја опен 2017 во Софија (ФОТО)

Нема одмор за натпреварувачите на Таеквондо клубот Бутел и ништо не е залудно, тие освоија седум медали на Меѓународниот турнир „Хереја опен 2017“ во Софија на кој настапија 1200 таеквондисти од цела Европа.

Бутел освои 3 златни медали, 3 сребрени и бронзен.

Во поврасните категории медалите ги освоија: Марко Аврамовски – сребрен, Филип Доџевски – златен, Анамарија Георгиевска – сребрен, Ивица Крстевски – сребрен и Дамјан Раевски – бронзен, додека во детските категории Симона и Вероника се закитија со злата.

Да потсетиме дека вчера на Европското сениорско првенство Дејан Георгиевски го освои златниот медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО