Бобан Данов на делба на 5-8-то место на Светското првенство во самбо (ФОТО/ВИДЕО)

Бобан Данов имаше успешен старт на Светското првенство во самбо во Сочи, Русија, совладувајќи го со технички туш во првата борба Кумара Асантха од Шриланка во категоријата над 100 килограми.

Данов поведе со 1-0, па 3-0, 7-0 и стигна до 9-0, со што борбата заврши.

Во четвртфиналето се сретна со камерунскиот претставник Клод Куамен кој по една акција поведе со 0-4, а Данов успеа да намали 1-4 и 2-4, при што до крајот не успеа да дојде до поени, бидејќи клод се покажа дека е многу искусен и силен, но и потежок и повисок. Камерунецот го совлада Хакмојон Исмоилов од Узбекистан. При водство на Узбекистанецот од 4-2 Куамен направи акци и го тушираше Исмоилов. Победник во оваа категорија е Артем Осипенко од Русија кој во финалето го совлада Набимухамад Хоркашев од Таџикистан со 1-0.

Во конкуренција на 20 самбо борачи Данов во дебитантскиот настап го дели 5-8 место.

Women

1. Russian Federation (5 gold, 1 silver, 2 bronze; total – 8 medals)

2. Belarus (2 gold, 3 silver, 2 bronze; total – 7 medals)

3. Ukraine (1 gold, 1 silver, 2 bronze; total – 4 medals)

Men

1. Russian Federation (6 gold, 1 silver, 2 bronze; total – 9 medals)

2. Tajikistan (1 gold, 2 silver, 1 bronze; total – 4 medals)

3. Armenia (1 gold, 2 bronze; total – 3 medals)

3. Kazakhstan (1 gold, 2 bronze; total – 3 medals)

Combat SAMBO

1. Russian Federation (6 gold, 1 silver; total – 7 medals)

2. Kyrgyzstan (1 gold, 2 silver, 2 bronze; total – 5 medals)

3. Republic of Korea (1 gold, 1 silver; total – 2 medals)

3. Armenia (1 gold, 1 silver; total – 2 medals)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО