Утре на „Миоки опен“ ќе се натпреваруваат 400 џудисти од 14 држави

 

Утре се одржува 8.Меѓународен џудо турнир „Миоки опен“ во организација на ЏК Миоки во спортската сала „Форца“ во Скопје.

На турнирот ќе настапат околу 400 натпреварувачи од Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Шведска, Грузија и Турција.

Миоки опен важи за еден од најсилните турнири во нашата држава. А утре во Скопје ќе настапи и клубот на светскиот шампион Немања Мајдов, ЏК Црвена Ѕвезда.

Тренерот на Миоки Игор Паскоски истакнува дека ова последна проверка на кадетската репрезентација пред Европскиот куп во Ѓер, Унгарија, на 18 ноември.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО